Рускиот претседател Владимир Путин, кој се наоѓа во официјална посета на Бразил, му наложи на директорот на државниот Истражен комитет, Александар Бастрикин да ги преземе сите неопходни мерки и да почне кривична истрага за денешната хаварија во московското метро, во која загинаа најмалку 20 лица.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека московскиот градоначалник Сергеј Собјанин детално го информирал Путин за несреќата, за причините, кои довеле до трагичниот инцидент, за мерките за ликвидирање на последиците и за укажувањето помош на настраданите. Претседателот исто така телефонски се запознал со извештаите на министрите за внатрешни работи, за здравство и за вонредни ситуации.
Во несреќата се ранети над 160 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


