| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи бара помош од САД во дијалогот со Србија

Косовскиот премиер Хашим Тачи ги повика денеска САД да се вклучат во дијалогот со Србија, кој се води под покровителство на ЕУ и е со цел да се нормализираат односите меѓу Приштина и Белград

taci dacic
– Барам ваше разбирање и ваша поддршка, наведува Тачи во соопштение по телефонски разговор со заменикот американски државен секретар Вилијам Барнс.

Повикот е упатен пред новиот круг разговори меѓу Тачи и српскиот премиер Ивица Дачиќ закажан за в понеделник во Брисел.

Тоа ќе биде втора средба на двајцата премиери од октомври досега под покровителство на високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top