| четврток, 6 декември 2018 |

Градски паркинг: Шест велосипеди се уништени

velosipedi tocaciШест велосипеди на ЈП „Градски паркинг“-Скопје се уништени за три месеци или од почетокот на сезоната за изнајмување велосипеди за 2014 година.

Од 2010 година, кога почна со реализација проектот „Изнајми велосипед“, до јуни 2014 година уништени се вкупно 150 велосипеди, кои повеќе не се во употреба, а девет се украдени.

Екипите на ЈП „Градски паркинг“ секојдневно вршат поправки и ги сервисираат велосипедите за да бидат безбедни за користење. Ако некој украде велосипед, ЈП „Градски паркинг“ кражбата ја пријавува во полиција, поднесува пријава за кражба или пријава за затајување туѓа сопственост. Потоа, полицијата трага по сторителите.

Град Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат изнајмените велосипеди од ЈП „Градски паркинг“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top