Едната половина од „ДНК“, Панчо ака Диџеј Шорти, планира работно лето кое ќе заврши со голем концерт на ар-ен-би дуото.
– Оној кој си ја сака работата и е исполнет, не чека со душа да дојде лето за да може две недели негде да се излежува. Затоа и ова лето, решив да се посветам на работата која заедно со Андреј ќе ја крунисаме на концертот со бенд, кој е планиран за крајот на месец јули во Охрид. А, за исполнување на сите работни обврски мора да се има поддршка од најблиските, но и од некој кој ќе помага се да се постигне. Во мојот случајот тоа е мојот „каптур“ кој ми овозможува да стигнам насекаде навреме – вели Панчо, кој е познат креатор на добрите ноќни забави ширум државата.
Панчо ја продолжува соработката и останува дел од семејството на „Аутомотив груп“, овојпат потпишувајќи ексклузивен договор со „рено“.

Тој стана сопственик , а воедно и заштитно лице на автомобилот кој е прогласен за најдобар градски кросовер за 2014 година – „каптур“ (Captur). Моделот претставува иновативен спој на стилот и функционалноста , исклучително практичен , елегантен , отмен и веќе е брендиран и го носи потписот на Панчо со кој може да се забележи низ градските улици.
Куманово, Охрид, Дојран, Штип, Струга, Кичево и нормално Скопје, се само дел од градовите кои диџеј Шорти ќе ги посети летово. Неговата работа ќе биде крунисана со концертот на ДНК во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Панчо ДНК: Се каам што не ѝ кажував секој ден колку ја сакам
-
Чекор пред сите -новиот Рено Колеос во понудата на Аутомотив Груп!
-
Небичен ритуал на „Ред Бул“, секоја недела одат во црква и се молат за подобар мотор!
-
Тоа сме ние Панчо и Андреј: Немавме ни за автобус, но Универзумот виде колку вистински посакувавме


