| четврток, 6 декември 2018 |

„Експлозија во бело“ на Илинден во Охрид

 

Единствен услов за да бидете дел од  „Експплозија во бело“ (White explosion), забавата на отворено која ќе се одржува на 2 Август на охридската плажа „Немо“, е дрескод кој што вклучува исклучиво бела гардероба. Експлозијата во бело ќе биде придружувана од танчерки, специјални музички и звучни ефекти, пена парти и многу други летни изненадувања.

На сцената ќе настапи шпанскиот продуцент и диџеј Сак Ноел (Dj Sak Noel), чиј хит од 2011 „Loca People“ го лансираше на првите места на листите во Белгија, Австрија, Данска, Шпанија и Полска. Директно од Њујорк, пак, во Охрид доаѓа Сенди Ривера (Sandy Rivera) или Кралот на утрешнината, кој има специјална музичка агенда за ова прво издание на „White explosion“.

 Повеќе од 6 часа, оваа неповторлива журка во бело ќе биде вистинско екстремно доживување, велат организаторите, според кои ова ќе биде електронскиот настан број еден ова лето.

Освен интернационалните диџеј ѕвезди, забавата ќе ја зачини и македонската диџеј поддршка која ионака е најдобро загревање за македонската публика во Охрид.

 Влезниците по цена од 250 и 300 денари можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор како и низ локалните киосци и кафулиња во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top