| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарска тепачка со моторна пила

Вчеравечер, околу 20,00 часот, во Кавадарци настанала расправија помеѓу неколку лица при што две лица физички го нападнале 33-годишниот кавадарчанец С.М. и со моторна пила му нанеле расекотини во пределот на телото, по што оштетениот успеал да побегне.

На С.М. му е укажана лекарска помош во Здравствениот дом Кавадарци.

По преземени мерки едно од осомничените лица е приведен, а се преземаат мерки за пронаоѓање на другиот осомничен. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top