Проширувањето на ЕУ е историски успех, кое донесе мир и стабилност за нашиот континент, истакна Жан-Клод Јункер пред европратениците во Стразбур претставувајќи ги општите програмски ориентации на неговото претседавање со Европската комисија.
Сепак, како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, според идниот претседател на Европската комисија денес Унијата и нејзините граѓани треба да ги прифатат последните проширувања за време на кои 13 нови земји и се приклучија на ЕУ за само 10 години.
– ЕУ има потреба да направи пауза во својот процес на проширување со цел да го зацврсти она што беше реализирано од 28-те земји-членки, нагласи Јункер, за веднаш потоа да ги отстрани сите сомнежи.
– Затоа, под моето претседавање со Комисија, преговорите кои се во тек ќе продолжат, посебно со змејите од Западен Балкан, кои имаат потреба од Европската унија. Сепак нема да има ново проширување во наредните пет години – рече Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Барам почитувањe: Јункер се пожали дека имал проблем со ишијасот, не со пиењето!
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ