Најмалку 10 лица загинаа, а околу 120 се повредени денеска кога три вагони на метрото во Москва излетаа од шините, соопшти московскиот заменик- градоначалник Пјотр Бирјухов.
Се стравува дека конечниот биланс на загинати може да биде поголем бидејќи околу 50 лица се задобиле со сериозни повреди, а многумина од нив се во критична состојба, ИТАР-ТАСС јави дека спасувачките екипи ги евакуаираа патниците од железничката композиција.
– Причина за несреќата е наглото повлекување на сопирачките во делот меѓу метро станиците „Парк на победата“ и „Булеварот Славјански“, информира руското Министерство за вонредни состојби, дополнувајќи дека по излетувањето трите вагони не се превртеле.
Еден од патниците во возот изјави дека најмногу е оштетен првиот вагон. „Раша тудеј“ јави дека во вагоните се уште се заглавени најмалку седум патници.
Во близина на метро станицата „Парк на победата“ работат 50 лекарски тимови за итна помош, а пристигнале и неколку специјални хеликоптери со кои посериозно повредените итно се пренесени в болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија