На спектакуларната јахта „Малтешкиот сокол“, долга 88 метри, каде што неделна кирија е 420.000 евра, во брачните води запловија Харис Џиновиќ и загрепчанката Мелина Галиќ. Босанскиот фолк-пејач и неговата триесет години помлада сопруга, беа во врска 11 години, пишува хрватски „Дневник“.
Кумови на свадбата беа поранешната сопруга на првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун, Славица, и еден од најуспешните бизнисмени чие богатство се проценува на пет милијарди долари, Филип Цептер.
На свадбата присуствуваа околу дваесетина гости, сите добри пријатели на младоженците, кои по церемонијата ги забавуваше токму зетот и неговата музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.