| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани признаваат дека цените се превисоки

охридИздавачите на апартмани од Охрид реагираат до угостителите во македонскиот туристички бисер да ги коригираат цените на своите услуги бидејќи на туристичката сезона ѝ се заканува фијаско, пишува Прес24, каде се пренесува писмо, за кое велат дека е од читател од Охрид.

„Сезоната во Охрид е катастрофална, со исклучок на организираните тури со странски туристи. Ако ме прашате за мене лично и јас имам колку толку гости, добро е. Главно странци на неколку дена преку booking.com.“, се вели во писмото.
„Меѓутоа градот е празен во средината на јули, жално е да се гледа чаршијата празна. Како главна причина за тоа секако се цените во рестораните, сендвичарниците, кафетериите… Еве лично се уверив во тоа и ви испраќам слики со надеж дека ќе ги објавите и ќе придонесете охридските угостители да сфатат која е реалноста и да ги коригираат цените“, се додава во писмото.

Револтираниот охриѓанец направил и споредба на цените меѓу Ханиоти, Грција и Охрид, приложувајќи слики со цени во ресторани.

giro letnica

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top