| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија oд сида и ХИВ кај хомосексуалците

Минатата недела Светската здравствена организација предупреди дека ХИВ „експлодирал“ како епидемија, а оние што се под најголем ризик да заболат се трансексуалците, мажите што имаат секс со мажи, сексуалните работници, затворениците, како и корисниците на дрога која се инјектира.

hiv-aids-630

– Ниту еден од овие луѓе не живее во изолација. Сексуалните работници и нивните клиенти имаат сопружници и партнери. Некои од нив инјектираат дрога. Многумина имаат деца. Кога не им се нуди соодветна заштита, оние кои се под најголем ризик да бидат заразени од ХИВ ја загрозуваат борбата против глобалната епидемија – изјавил Годфред Хирнсшал, кој го води Одделот за ХИВ во СЗО.

Според податоците на СЗО, веројатноста хомосексуалците да бидат заразени со ХИВ е за 19 пати поголема за разлика од останатата светска популација.

Само во Македонија од почетокот на годинава досега вирусот е потврден кај нови 17 лица, а сите се мажи, а најголемиот број од нив го добиле вирусот преку секс со маж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top