-Најмногу субвенции побаруваат за полјоделски култури или вкупно 34 621 земјоделец. Втори на листа се тутунарите или вкупно 30 298 земјоделци – вели Тони Димовски, директор на Платежна агенција.
Годинава на располагање земјоделците имаат 140 милиони евра.
Најголем дел, односно 115 милиони евра ќе бидат распределени како директни плаќања за поддршка на приходот на македонските земјоделски стопанства и тоа 60 проценти насочени кон конкурентните и извозно ориентирани земјоделски производи како што се: производството на тутун, зеленчук, овошје, овчарството и козарството, производството на грозје и вино, оризот, органско производство, пчеларство и за воведување на стандарди за квалитет.
Остатокот од директните плаќања ќе биде наменет за поддршка на производството на помалку конкрентните, но значајни основните прехранбени производи за населението како што се житните култури, кравјото млеко, и поголемиот број на индустриски производи, кои без државна поддршка значително би го намалиле обемот на нивното производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди