Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович одлучи пред Европскиот суд да ги обжали санкциите што Европската унија ги воведе кон него.
ЕУ воведе санкции и против двајцата синови на Виктор Јанукович, кои како и други десетина украински лидери, ќе ги обжалат санкциите. Меѓу нив се и поранешниот украински премиер Микола Азаров и неговиот син.
На 6 март ЕУ ги замрзна банкарските сметки на 18 украински претставници од режимот на Јанукович. Тие се сомничат дека биле вмешани во извлекувања пари од државните фондови во висина од околу три милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЕУ ги прошири санкциите против Русија
-
Масовно се казнува: Санкционирани 270 возачи, а 83 исклучени од сообраќајкот
-
Лазарова Трајковска со порака до судовите во Македонија: Одлуките на судиите да се засноваат врз европското право
-
САД нема да ги укинат санкциите против Русија, но не планираат да воведат нови



