Пилотите Драги Мицев, Иљо Лопатички и Тоде Орешков кои загинаа во страшната хеликоптерска несреќа кај Струмица ќе бидат погребани денес во Скопје. Погребот на Марјан Трајковиќ, пак, беше вчера во 13 часот во неговото родно Куманово.
Денеска Македонците им оддаваа последна почит во Соборниот храм во Скопје…
Вчера беше одржана комеморативна седница во Домот на Армијата, на која присуствуваа бројни припадници на МВР и роднини на трагично настраданите пилоти, а отворена беше и книга на жалост.
Владата на Република Македонија денешниов ден го прогласи за Ден на жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.











