| четврток, 6 декември 2018 |

Партијата на Миро Церар победи на изборите во Словенија

Новата левоцентристичка Партија на Миро Церар победи на предвремените парламентарни избори во Словенија, според излезните анкети.

cerar

Формацијата на Церар, која беше создадена пред еден месец, освои 36,9 отсто од гласовите, покажаа анкетите.

На второ место со 19,2 отсто се наоѓа десноцентристичката Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој се наоѓа во затвор за корупција.

Трета со 9,7 отсто е Демократската партија на пензионерите (ДеСУС) на министерот за надворешни работи Карл Ерјавец.

Официјалните резултати се очекуваат за подоцна денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top