| четврток, 6 декември 2018 |

Првата свадбена фотографија на Ноле и Јелена (ФОТО)

Магазинот „Хело“ ја имаше честа да ја пренесе приказната за љубовта помеѓу првиот тениски рекет во светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ристиќ.

Славната двојка судбоносното „да“ го кажаа изминатава недела, а првата официјална фотографија од венчавката е објавена во денешниот број на српското издание на списанието „Hello“.

Се оженив со жената која ја сакам, а не постои ништо подобро и поубаво од тоа. Не можам да посакам ништо повеќе од животот – изјави Новак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top