Во црноморското летувалиште Свети Влас во Бугарија се одржа изборот за „Мис Планет 2014“, со учество на 40 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Победничка, Мис Планет 2014 е претставничката на Русија, Ана Сорокина, титулата прва придружницка ја освои Сара Митиќ од Србија, а Даниела Неделчева од Бугарија е втора придружничка.
Македонија ја претставувасе 22-годишната Ива Михајловска од Скопје која ја освои титулата мис топ-модел.

За нејзиниот пат, престој и учество на изборот се погрижи модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


