Потопло од недела но, сепак умерено и спарно време се очекува во понеделник. Развој на купесто дождовна облачност локално ќе има попладне и рано навечер на повеќе места низ земјата.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 29°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 30°С во јужната. Најтопло, до 34°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Во скопската котлина повторно се очекува променливо време, кое ќе донесе услови за повремен дожд попладне и навечер. Минималната температура ќе се спушти до 16°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 31°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.