| четврток, 6 декември 2018 |

Холивуд им помага на балканските земји зафатени од поплавите

Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои Кетрин Зета-Џонс и Пирс Броснан, за неполни два часа собрале 90.000 долари за помош на настраданите од поплавите во мај во Србија и БиХ.

Хуманитарната акција за собирање помош за балканските земји, кои настрадаа од природната катастрофа, била организирана од српската хуманитарна организација „Унитасфонд“ кон крајот на минатиот месец.

Иницијатори на акцијата во Холивуд беа режисерот Гага Антониевиќ, неговата сопруга Кристина Есел, како и претседателката на јужнокалифорниското здружение на лидерите во филантропија, продуцентката Анџелика Влаисавлевиќ и бизнисменот Мо Стојновиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top