| четврток, 6 декември 2018 |

Итен прекин на огнот во Газа

israel_palestineСоветот за безбедност на ОН побара прекин на огнот во израелско-палестинскиот конфликт кој е концентриран на Газа.

Во декларацијата усвоена од сите 15 членки се бара деескалирање на насилството, враќање на мирот и продолжување на директните преговори меѓу Израел и Палестинците со цел постигнување сеопфатен мировен договор врз основа на решение за постоење на две држави.

Во документот се изразува загриженост поради кризата поврзана за Газа и за заштита на животите и имотите на цивилите од двете страни. Покрај тоа, СБ на ОН бара почитување на меѓународните хуманитарни закони, вклучувајќи и заштита на цивилите.

Денешната резолуција не е законски обврзувачка за двете страни во конфликтот, но го одразува мислењето на претставниците на меѓународната заедница и е прв одговор на СБ на ОН, кој инаку нема единствен став кон израелско-палестинскиот судир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top