| четврток, 6 декември 2018 |

4 илајди доброволци во Ирак

Thousands of Iraqi Shiites parade in show of forceИрачките власти испраќаат околу 4.000 доброволци во Рамада, 115 километри западно од Багдад, да им помогнат на владините сили кои се борат против сунитските екстремисти.

– Околу 2.500 доброволци пристигнале вчера во Рамада, а останатите 1.500 треба да стигнат денеска. Нив ги превезуваат со хеликоптери од Багдад, изјави генералот Рашид Флајех, командант на операциите во провинцијата Анбар.

Поголемиот дел од доброволците се шиити, кои го прифатиле повикот на главниот шиитски свештеник во земјата, ајатолах Али ал-Систани за одбрана на Ирак од екстремистите, кои минатиот месец зазедоа голем дел од северниот и западниот дел на Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top