| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа на Егзит

egzit
Дваесет и две годишно момче е повредено рано утрово, откако паднал од Петроварадинската тврдина во Нови Сад, обидувајќи се да ја прескокне оградата и без карта да влезе на фестивалот Егзит.

Момчето се здобило со тешки повреди на скочниот зглоб. Новосадската полиција соопштила дека во текот на вториот ден од фестивалот „Егзит 14“, на кој присуствувале околу 40.000 посетители немало пријавено прекршување на законот за ред и мир или продавање на наркотични средства.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top