| четврток, 6 декември 2018 |

Притворен битолски педофил

pedofil

Четириесет и пет годишен битолчанец кој, според МВР, многупати се самозадоволувал пред малолетници, а во два наврати се обидел и да силува малолетници, конечно бил фатен и притворен во битолскот затвор.

Во соопштението на СВР Битола се наведува дека поднеле кривична пријава против З.К. (45 ) од Битола поради постоење основано сомнение  дека во два наврати сторил кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполник 14 години  и во дванаесет случаи  кривично дело задоволување на полови страсти пред друг.

Од страна на истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена. Тој делата ги сторил подолг период наназад, првонаведеното кривично дело го извршил над малолетни лица на 11 и осум годишна возраст, на отворен простор, во стан и на други места, додека второнаведеното кривично дело го вршел на  разни јавни места во Битола , пред малолетни лица  на возраст од осум до 15 години, откако претходно на местата каде ги вршел делата ќе дојдел  со моторно возило и истото ќе го паркирал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top