| четврток, 6 декември 2018 |

Варан: Голот му го посветувам на Мурињо

Рафаел Варан е открититето на Реал Мадрид, сезонава, а младиот француски стопер со два гола против Барселона, беше една од главните алки во елиминацијата на вечниот ривал.

Варан брзо се прилагоди на играта на „кралскиот клуб“, а покажа дека знае и да дава голови. Во првиот меч од полуфиналето го спаси Реал од пораз, со гол за 1-1, а во вчерашниот реванш, пак беше прецизен за недостижна предност од 3-0.

– Голот му го посветувам на нашиот тренер Мурињо. Му благодарам што имаше доверба во мене- рече Варан.

Комплиметни за играта на 19-годишниот дефанзивец, стасаа и од легендата на Реал, Емилио Бутрагењо.

-Многу е брз, и игра се подобро. За негови години прикажува одлични игри и среќни сме што одлично се развива – изјави Бутрагењо, за Варан.

 

Варан од францускиот Ленс, пред две сезони пристигна на „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top