Јужноафриканската актерка и поранешна манекенка остави најголем впечаток на ревијата на висока мода на одличниот Диор каде што се појави во друштво на нејзиното ново момче, актерот Шон Пен.
Со својот моден избор, пак, таа на сите девојки низ светот им одржа дури три модни лекции до кои, дефинитивно, треба да се придружуваме на нашите следни појавувања.
1.Помалку е повеќе
Телото во добра форма и паметно одбраниот фустан како нејзиниот мини во бојата на златото, е неверојатно добра комбинација којашто, дефинитивно, ќе остави огромен впечаток. Истата не бара многу модни додатоци, а е одличен избор и за свечените пригоди кога сакате да бидете во центарот на вниманието.
2.Покажете ги нозете, но не и деколтето
Сандалите со високи потпетици во неутрална боја визуелно ќе ги издолжат вашите нозе и ќе ги направат неверојатно вики. Ако носите комбинација што ги открива вашите нозе, дефинитивно немојте да го покажувате и деколтето.
3.Елеганцијата на кратката коса
Ако ова лето ви треба само малку храброст за да ја скратите косата, Шарлиз е вистинскиот пример за убавица со куса коса. Таа знае да ја заврши и заокружи секоја добра комбинација со добра фризура! Конкретно, нејзината форма ќе ви даде неверојатно отпуштена летна елеганција и совршено ќе се вклопи во вашата летна модна приказна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Беше секс-бомба, a сега има 16 килограми повеќе: Зошто актерката драстично се здебели?
-
Хоби и се врските со поранешни партнери на колешките-Шарлиз Терон сега е со бившиот на Хали Бери
-
Шарлиз Терон претепана, во лоша состојба по операциите (ВИДЕО)


