Синоќа се соочивме со најтешките и најцрни моменти во историјата на МВР. Загубивме четворица искусни колеги кој со своето знаење, професионалност и дух беа пример како се сака и брани Македонија.
Ова го истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната прес-конференција по повод трагичната хеликоптерска несреќа која се случи синоќа кај Струмица, а во која загинаа четворица припадници на хеликоптеркската полиција.
Загинатите се:
Драги Мицев, роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години.
Марјан Трајковиќ, роден 1967 година во Куманово, пилот – капетан со работен стаж од 37 години.
Тоде Орешков, роден 1970 година во Рожден – Кавадарци, воздухопловен инспектор за лиценцирање воздухопловен персонал – пилот со работен стаж од 36 години.
Иљо Лопатички, роден 1968 година во Битола, командир – пилот со работен стаж од 36 години.
Според информациите на МВР, за време на тренажен лет хеликоптерот „МИ 17“, произведен 2008 година, удрил во антенски столб висок 120 метри од македонската радиодифузија, а подоцна се урнал. Точните координати на летот и кој управувал со хеликоптерот ќе се утврдат од двете црни кутии кои се пронајдени и информиран е производителот кој истите треба да ги отвори и преслуша.
Јанкулоска информира дека веднаш по несреќата е формирана посебна истрага за несреќата со експерти од разни области и јавен обвинител, како и вештаци за разјаснување на деталните причини за несреќата.
-Постапено е во согласност со сите процедури во авиосообраќајот за да се расчисти случајот – рече Јанкулоска.
Министерката додаде дека хеликоптерот бил редовно сервисиран, а на последното сервисирање била утврдена исправност. За време на летот била користена соодветна опрема за ноќно летање и посочи дека оваа рута на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно не била ништо невообичаено за пилотите кои имале преку 30 години искуство и работен стаж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона



