| четврток, 6 декември 2018 |

Началникот на „Јастребите“ еден од загинатите во хеликоптерската несреќа

helikopter-5-540x356

Началникот на Одделот за воздухопловна единица на МВР, „Јастреби“, Драган, најверојатно, е еден од четворицата загинати во хеликоптерската несреќа која синоќа околу 22 часот се случи во индустриската зона на Струмица, кога полициски хеликоптер на МВР модел „МИ17“ се урна, по што дојде до експлозија.

Според сѐ уште неофицијалните информации, тимот на воздухопловната полициска единица „Јастреби“ неофицијално вршел транспорт на припадници на граничната полиција, по што, најверојатно, удрил во 140-метарска СБ антена на Македонското радио, која не била светлосно обележана, и по ударот се урнал во нивите. Во меѓувреме, се јавија очевидци кои тврдат дека хеликоптерот десетина минути пред падот давал сигнали дека нешто не било во ред со леталото, а на задниот дел висело нешто, по што следувал падот.

– Хеликоптерот неколку минути неконтролирано кружеше над антената. Изгледаше како да има некаков проблем. Од мојот балкон убаво се гледаше. Дури потоа дојде до ударот во антената и падот на хеликоптерот – изјавил А.Т. од Струмица за порталот „Струмица Нет“.

Утрово завршил увидот на самото место, а телата на загинатите по наредба на јавен обвинител се предадени на обдукција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top