| четврток, 6 декември 2018 |

Евра го раскина договорот со Манчестер

Искусниот француски дефанзивец Патрис Евра побарал од Манчестер јунајтед раскин на договорот откако заклучил дека за него нема да има место во првиот тим по доаѓањето на Лук Шо.

Новиот клуб на левиот бек би требало да биде Јувентус, а Јунајтед ќе го искористи Евра во обидот да го донесе Видал на „Олд трафорд“.

Евра во Манчестер јунајтед дојде од Монако во 2006 година во исто време како и Немања Видиќ, а со клубот освои пет титули во Премиерлигата и една во Лигата на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top