Лондонскиот тим Арсенал на својот веб-сајт официјално го претстави новиот член на клубот, Алексис Санчез.
Дваесет и петгодишниот Чилеанец ги помина медицинските прегледи во Лондон, а потоа потпишал повеќегодишен договор, а Арсенал треба да ѝ уплати 34,6 милиони евра на Барселона.
– Среќен сум што дојдов во Арсенал, тим кој има голем тренер и фантастични играчи, како и голема армија навивачи во целиот свет. Со нетрпение го чекам првиот настап со моите нови соиграчи. Ќе се потрудам со својата игра да ги израдувам навивачите на Арсенал – изјави Санчез на официјалното претставување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.