Петок ќе почне со умерена облачност и со повремен слаб локален дожд во делови од западните и северните регионони од земјава. Можна е појава на слаб дожд во споменатите краишта и во попладневните часови. Сепак, станува збор за слаби врнежи. Претежно сончево време се очекува во југоисточните краишта. Повторно слаб, повремено умерен западен ветер ќе дува во западното подрачје, а на исток ветерот ќе биде слаб северозападен.
Денот, особено во северната половина од Македонија, ќе биде посвеж во однос на претходните.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 26°С во котлините во северната половина од земјата и околу 27°С во јужната. Најтопло, но само до 32°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.
Во скопската котлина се очекува променливо време, кое ќе донесе услови за повремен слаб дожд во првиот дел од денот. Мала е веројатноста за слаб дожд и во делови од попладнето. Ветерот ќе биде слаб, на моменти доумерен, претежно од запад. Максималната вредност на температурата ќе достигне 28°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



