Точно во 18.30 часот како што беше планирано, во Свети Стефан во Црна Гора тенискиот ас Новак Џоковиќ се ожени со неговата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ.
И покрај дождот и грмотевиците, цермонијата која започна во 18 часот беше навреме завршена, пишува српски „Блиц“.
Гостите мораа да поминат низ бројно осигурување, а настанот беше под надзор и од црногорската полиција, која од глисери ја обезбедуваше страната од кај морето.

Новак и Јелена се венчаа пред матичар во специјално изработена мермерна купола, а сега следува свадбената веселба.
Венчавката во црква е закажана за 12 јули, на Петровден, по завршувањето на постот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


