Причина за редукциите на водата за пиење во Неготино се жештините и зголемената потрошувачка на вода, соопшти денес директорката на ЈП „Комуналец“ од овој град, Наташа Лазова.
-Во текот на денот редукциите траат од 12 до 15 часот а во текот на ноќта од 22 до 4 часот. И покрај паралелниот систем за наводнување на дворните површини од технолошка вода, сепак бележиме зголемена потрошувачка на вода за пиење. Од регионалниот водовод Лукар добиваме околу 80 литри во секунда вода за пиење. Тоа е на некој начин количини на вода кои би требало да ги задоволат потребите на неготинци, ако не се загубите на вода поради застарената мрежа и нерационалното трошење на водата од страна на несовесни водокорисници, нагласи Лазова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


