| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА: Граѓаните да бидат смирени и да се воздржат од акти на насилство

тачи

Земајќи ги во предвид унифицираните апели на меѓународната заедница во земјата, Демократската Партија на Албанците, ги повикува сите граѓани да бидат смирени и да се воздржат од акти на насилство, побара денеска партијата на Мендух Тачи.
Од ДПА нагласуваат дека сите граѓани имаат право да протестираат и да ги изразат своите ставови мирно, но не и да се вклучат во насилни или деструктивни дејствија.
Демократска Партија на Албанците ги повикува надлежните институции да се справат со овој судски случај почитувајќи ги целосно меѓународните стандарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top