Најмалку со оценка четворка ќе може матурант да се запише на некој од педагошките факултети во државата. Матураните ќе полагаат приемен испит за да се провери знаењето дополнително, а секој кој ќе се запише на овој факултет ќе добие месечна стипендија од околу 10 илјади денари. На крајот од студиите секој иден наставник ќе има загарантирано вработување. Ова се дел од промените кои ги најави Никола Груевски, премиерот на Македонија, а со цел да се подобри квалитетот на основното образование.
– Има повеќе промени со концептот што е замислен, но клучно е да се зголеми квалитетот на оние коишто ќе се запишат на овие факултети и коишто ќе ги завршат и со тоа да се зголеми квалитетот на севкупното образование во Македонија – рече Груевски.
Испитите, посочи, ќе бидат спроведени на начини со коишто ќе се гарантира вистинитоста на знаењето.
– Ќе се полагаат компјутерски, со однапред објавен пул на голем број прашања, а што се спроведува во просторија што се снима и се пренесува на веб-страна на одредено министерство или институција. Секој студент односно кандидат добива различни прашања и навистина е оневозможено да има какви било нерегуларности, има одредени гаранции дека резултатот од испитот ќе биде согласно нивото на постигнатото знаење на кандидатот – појасни тој.
Тој информира дека со реформата е предвидено и основање академија за наставниот кадар, каде по завршување на Педагошкиот факултет пред да почнат да работат наставници ќе поминат една година. Покрај теоретско, со академијата е предвидено и практично учење кај највисоко рангираните наставници во различни училишта во Македонија согласно екстерното тестирање. Наставниците со највисоки оценки на екстерното ќе бидат делумно предавачи на теоретскиот дел и делумно ќе вршат обуки за оние што ќе бидат на пракса кај нив. На академијата, според Груевски, ќе предаваат најдобрите универзитетски професори од државава и од странство. Наставниците што веќе завршиле Педагошки факултет ќе добијат одреден законски рок што ќе биде сосема доволен да ја завршат едногодишната академија. Тоа нема да важи само за наставниците кои работат повеќе од 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
Ова е новата Преамбула на Република Северна Македонија
-
Полуматурантите во понеделник и вторник ќе се запишуваат во средните училишта
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…