Луѓето кои говорат повеќе јазици, стареат поспоро и подоцна добиваат деменција, или евентуално, Алцхајмерова болест, тврдат научниците.
Истражувањата покажале дека билингвистите добиваат склероза четири до пет години подоцна, отколку луѓето кои говорат еден јазик, тврдат научниците од Центарот за когнитивно стареење и когнитивна епидемологија на Универзитетот во Единбург.
Во истражувањето, постарите лица кои говорат повеќе јазици подобро ги решиле когнитивните тестови од луѓето кои говорат само еден јазик, дури и во случаите кога на тестовите за интелигнеција имаат лоши резултати десет години порано. Тоа значи дека, барем во еден дел, учењето на вториот странски јазик овозможува подобро здравје на мозокот во староста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.