| четврток, 6 декември 2018 |

„Електра и Орест“ во режија на Андриј Жолдак во септември на сцената на МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар завршуваат подготвките на претставата „Електра и Орест“ во режија на Андриj Жолдак , едно од најголемите европски режисерски имиња на денешницата. По тој повод се одржа прес-конференциј  на која присуствуваше режисерот, кој ширум светот е познат по своите претстави.

Андриj Жолдак во 2014 година е добитник на наградата „Златна маска“ за режија која претставува највисоко признание од областа на театарот во Русија.Неговите претстави се дел од најпрестижните светски фестивали и се носители на голем број награди и признанија.

Elektra pres (1) (Custom)

Премиерата е предвидена за септември, со почетокот на новата сезона. Во претствата играат Дарија Ризова, Камка Тоциновски, Арна Шијак, Звездана Ангеловска, Александар Горгијовски, Никола Ацески, Славиша Кајевски, Борче Начев, Александар Михајловски. Координатор на продукцијата е Катја Жолдак.

– Електра е претстава за скриените импулси во човекот, за темната страна на човекот, посочи режисерот Жолдак на денешната прес-конференција. Додаде дека во Македонија работи во најдобриот театар. Според уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски, ги имаат едни од најдобрите и најпосветени актери на светот кои, како што рече, имаат направено неверојатна актерска трансформација.

Elektra pres (2) (Custom)

– Вториот дел на претствата би го нарекле раѓање на нов Жолдак, на една нова естетика и за него, рече Пројковски.

Славиша Кајевски истакна дека пробите со Жолдак траат долго, по 12 часа и додаде оти работат филмски.

– Ние имаме генијалец кој работи со нас, додаде Кајевски. Актерската екипа се согласи дека ќе имаат одлична претстава. Арна Шијак потенцира дека оваа претстава ја враќа вербата во театарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top