– Дозволете во име на Социјалдемократскиот сојуз остро да ги осудам насилствата што во никој случај не се дозволени за една цивилизирана земја, каква што, мнозинството граѓани, посакуваат да биде Република Македонија. Насилството не е решение за ниту еден проблем. Ја оддалечува дополнително Македонија од европските и од светските вредности и нашите заеднички цели за евроатлантски перспективи – рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
– Затоа, повикувам на максимална индивидуална и колективна одговорност како народ, за да се спречат поголеми штети. Да не потпаѓаме под провокации. Да се воздржиме од насилство и да покажеме што значи зрелост – изјави Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.