| четврток, 6 декември 2018 |

Милчин вели дека немало демократија, а признава дека засега контролира 7 медиуми

Првиот човек на Фондацијата Отворено општество Македонија – попозната како Сорос, Владимир Милчин, вчера во колумна која ја пренесоа проопозициските портали призна дека контролира седум медиуми.

milcin letna

За првпат, шефот на Сорос Македонија признае дека со негова помош и поддршка се раководат седум медиуми, од кои два на албански јазик и дури 5 на македонски јазик.

– Каков уплав го мачи Груевски, па се уплашил од еден грст медиуми што ги помага Фондацијата Отворено општество – Македонија? Сите два на албански и сите пет на македонски јазик? – пишува Милчин во својата колумна.

Доколку Владимир Милчин нема влијание врз медиумите за кои самиот признава дека финансиски ги контролира, тогаш се поставува прашањето зошто секоја негова изјава, статус на „Фејсбук“ или, пак, на пример, колумна, како што беше случајот вчера, ударно се пренесува во опозициксите медиуми кои земаат или зеле грантови од Соросовиот институт.

Милчин во вчерашната изјава за 24 Вести вели дека Македонија во овој момент не била демократско општество. Ваквата изјава на првиот човек на Фoндацијата Сорос е крајно конфузна, ако се има  предвид дека тој oд една страна самиот признава дека контролира седум медиуми, а од друга страна вели дека немало демократија.

Исто така, новинари од медиумите кои се финансирани од Фондацијата на Милчин, постојано се жалат дека им е наредувано да ја плукаат Владата и постојано нивните текстови се менувани од страна на уредувачката структура која е под влијание на фондовите кои го финансираат медиумот или во случајот Фондацијата Оторено општество, како што самиот Милчин признава дека дава помош. Оние кои се најгласни борци за демократија, во суштина самите не ја спроведуваат.

Омразата која ја шират медиумите на Сорос Македонија, како што е последниот случај по пресудата за „Монструм“ е во функција на подгревање на страстите помеѓу населението и тензиите помеѓу етничките заедници. Со признанието дека контролира седум медиуми, Милчин ги потврди информациите дека постои тесна соработка помеѓу овие медиуми, кои со континуирана критика на Владата нa Груевски се искористуваат во полза на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top