| четврток, 6 декември 2018 |

Идентификувани и пријавени 10 учесници на протестот во Тетово

Министерството за внатрешни работи идентификуваше и во координација со јавен обвинител, кривично пријави 10 лица-учесници во  протестот, организиран  на 6 овој месец во Тетово, а во кој беа повредени 6 полициски службеници и тројца други граѓани.

Двајца од пријавените, тетовците И.Н (38) и Ф.М (41) се сомничат дека сториле кривични дела – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, член 384 од Кривичниот законик на Република Македонија и – напад на службено лице при вршење работи на безбедност, член 383 став 2 од КЗ на РМ.

Другите осум идентификувани: М.Е.(32), Б.Д (32), Б.З (40), Б.И (32), Ј.И (31), С.А (32) и Ш.И (64) од Тетово и Г.М (32) од Долно Палчиште се товарат дека сториле кривично дело – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство.

Пријавените И.Н. и Ф.М. физички нападнале двајца полициски службеници, при што на едниот од нив му нанеле и телесни повреда, додека сите десет не ги почитувале наредбите на полициските службеници, фрлале камења, влечеле заштитни огради и ги туркале полициските службеници.

Вчера сите десетмина се повикани во СВР Тетово, а И.Н. и Ф.М. се задржани и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија во претходната постапка на Основниот суд Тетово. Министерството за внатрешни работи продолжува со идентификување и на други учесници во протестот кои се однесувале насилно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top