| четврток, 6 декември 2018 |

Во вестите сама си го прочита запросувањето (ВИДЕО)

Додека ги подготвувала вестите за вечерните часови на една тексашка телевизија, презентерката на вести Алекса Вилијамс ја прочита веста за нејзината веридба.

Кога работам исечоци, обично читам неколку кратки вести, но мојот продуцнт ми даде една повеќе од вообичаено. Последната гласеше – Жена од Одеса токму сега ќе доживее најголемо изненадување во својот живот, а набрзо ќе добие и ново презиме. Бев потполно збунета кога тоа го прочитав, а потоа на сетот се појави моето момче и ме побара за жена – раскажува 23-годишната водителка за „Дејли меил“.

tv-voditelka

Нејзиното момче Вејн Дансон застана пред камерите со букет рози и клекна на колена.

Не можев повеќе да чекам ниту еден ден за да ти кажам дека сакам да те сакам до крајот на својот живот. Сакав да знам дали и
ти сакаш да ме сакаш во остатокот од твојот живот – со овие зборови 35-годишниот Вејн ја зпросил Алекс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top