| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ, ОБСЕ и САД до политичките лидери: Најдете решение за кризата, ги загрозувате аспирациите на граѓаните

Шефовите на мисиите на ЕУ, ОБСЕ и САД во Скопје денеска излега со заедничка изјава во која предупредија дека „земјата во моментов се наоѓа на критична крстосница“:

– Моменталната криза ги загрозува аспирациите на граѓаните за подобра иднина, како и политичката стабилност на земјата. Мора да се преземат чекори за одалечување од јавните ултиматуми, фиксни позиции и краткорочни тактики, а кон приближување до директен дијалог и компромис од најдобар интерес за граѓаните и државата. Во овој контекст ги повикуваме политичките лидери да преземат одговорност и без одложување да најдат конечно решение за моменталната политичка криза, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top