| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на ПССЕ во посета на Македонија

sobranie-12.jpg50000000Делегацијата на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори и предвремените парламентарни избори во Република Македонија денеска во Скопје ќе биде примена од претседателот на националното Собрание Трајко Вељаноски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, членовите на Ад-хок Комисијата на ПССЕ ќе имаат средби и со Александар Николоски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ и членовите на Делегацијата, со претставник на ДУИ, како и со претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top