| четврток, 6 декември 2018 |

Империјата на Есма и Влатко

Македонската телевизија вечер премиерно ќе ја емитува песната „Империја“ на Есма Реџепова и Влатко Лозановски, која ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2013“ во Малме. Автори на музиката и аранжманот на песната се Симеон Атанасов и Дејан Момироски, а текстот го напиша Борче Нечовски.

Во специјалната емисија на МРТ ќе биде прикажан и официјалниот спот на евровизиската  „Империја“, а Реџепова и Лозановски ќе се претстават и со неколку свои песни, придружувани од народниот оркестар и Биг бендот. Македонската телевизија најави богата музичка програма со повеќе гости и многу разговори поврзани со „Евровизија“. Ќе гостува и минатогодишната евровизиска претставничка Калиопи Букле, која ќе го пренесе своето искуство од натпреварот во Баку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top