| четврток, 6 декември 2018 |

Левче Kитевски: Лино Червар има важечки договор со РК Металург

По шпекулациите што се појавија во дел од македонските и германските медиуми, околу заминувањето на тренерот на Металург, Лино Червар, во Хамбург, реагираше претседателот на УО на Металург, Левче Китевски.

– Се работи за чисти шпекулации, кои се вообичајни во овој дел од предсезоната. Вистината е сосема поинаква, Лино Червар има важечки четиригодишен договот, кој почна да тече од минатата година. Нашите симпатизери можат да бидат спокојни, Лино Червар уште долго ќе биде дел од проектот Металург, проект кој подразбира создавање на подмладен и силен Металург, со особено нагласена работа со млади македонски ракометари кои се иднина на Металург и на македонската репрезентација – изјави Китевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top