Московски суд издаде потерница за апсење на Арсен Аваков, министер за внатрешни работи на Украина поради користење забранети методи за војна. За делото се наведени речиси три илјади сведоци чии изјави поддржуваат став дека Аваков користел забранети методи за водење војна.
– Како сведоци се луѓе кои принудно ја напуштиле Украина во периодот по 14 април заради воени дејствија, наведе Владимир Маркин – портпарол на рускиот Истражен комитет.
Маркин додаде дека по однос на Аваков, веќе е донесена одлука за негово апсење како обвинет за убиство, користење забранети средства и методи за водење војна, за попречување на професионална дејност на новинари.
– Досега се земени изјави од над шест илјади луѓе од кои околу 3.000 ги потврдуваат сомненијата за Аваков – нагласи Маркин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



