| четврток, 6 декември 2018 |

Памела Андерсон повторно се разведува

Памела Андерсон реши по втор пат да се раздели од својот сопруг Рик Саломон. Во јануари оваа година, Рик и Памела се венчаа по втор пат, но се чини дека ни втората шанса не била доволна да ја спаси врската.

 pamela3_1831356a
Оваа вест ја открива ТМЗ, кој тврди дека Памела веќе ги предала документите за развод и тоа неколку дена откако Рик на турнир за покер заработил 2.8 милиони долари. Ако парот не потпишал предбрачен договор, Памела би можела да добие половина од Риковото богатство. Инаку Рик и Памела прв пат се венчаа во 2007 година на брзина во Лас Вегас, а после  два месеца раскинале, но Памела дури наредната година ги предала документите за развод. Повторно се венчаа на почетокот на годинава, а во јули, како што пишува таблоидот, Памела повторно ги предала документите за развод.
Рик е професионален играч на покер, но најпознат е по тоа што бил во порното на Парис Хилтон, „Една ноќ во Парис“
На актерката ова и е трет брак. Беше мажена за музичарот, Томи Ли, со кој има два сина, а подоцна и со Кид Рок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top