| четврток, 6 декември 2018 |

Седумте болести на ова лето

sonce_1Сезона е на бактериите и други неволји кои виреат на високите температури. Инфекциите се нормална појава, но можат да бидат благи, но и смртоносни, предупредуваат докторите. Следат неколку болести за кои се смета дека ќе го одбележат ова лето

Вирус на Западен Нил

Го пренесуваат птиците и комарците. Се пренесува на луѓето со каснување од комарец. Инфекција се зголемува во јуни, а кон средината на август е во најголем пораст. Многу заразени не покажуваат никакви симптоми, додека кај други се појавува грозница, главоболка и вртоглавица. Еден отсто од заболените развиваат сериозни невролошки пореметувања како енцефалитис, менингитис или парализа, додека дури 10 отсто луѓе од оваа група умираат од оваа инфекција. Ризикот од добивање на овој вирус може да се намали со користење на репеленти против инсекти, носење на заштитна облека, долги ракави и пантолони кои ќе спречат каснување од инсекти.

Паразит познат како амеба која го јаде мозокот

Се работи за амеба која живее во топла вода, на пример во езерата, реките и топлите извори, но може да се најде и во земја. Луѓето се инфицираат пливајќи во топла вода. Влегува во телото низ носот, а потоа патува до мозокот, каде предизвикува смртоносно воспаление на мозокот и мембрани кои го обвиткуваат. За среќа овие инфекции се ретки, од 2003 до 2013 во САД се забележани само 13 случаи. Луѓето кои ја добиваат оваа инфекција најчесто умираат.

Лајмска болест

Крлежите се основни носители на бактерии кои предизвикуваат лајмска болест. Тие живеат на темни и влажни места и можат да се најдат во тревата, на кората на дрвјата и на стари ѕидови. За да ги избегнат, носете долги ногавици и користете репеленти за инсекти.

Инфекција на уво

Пливачко уво, или отитис екстерна, е честа инфекција. За да ги спречите проблемите со ушите, користете капа за пливање и сушете ги ушите со сув пешкир веднаш штом излезете од вода. Не користетет стапчиња, бидејќи она што се наоѓа во ушите штити од вакви инфекции.

Хипертермија

Високите температури убиваат илјадници луѓе годишно. Од 1979 па до 2003 година, многу луѓе умреле од хипертермија отколку од торнада, урагани, поплави и земјотреси заедно. Високите температури предизвикуваат хипертермија, состојба во која телото на тоа лице апсорбира поголема температура од што може да поднесе. За да ја избегнете оваа состојба, важно е да седите во добро проветрени и климатизирани простории и да пиете доволно течности. Никогаш не ги оставајте децата и домашните миленици во затворени автомобили.

Камен во бубрезите

Во текот на летото треба да внимаваме на дехидратацијата која како што велат лекарите, кај некои луѓе развива камен во бубрезите. Бидејќи се потите, телото ослободува вода и помалку мокрите, што помага на минералите да направат камен во уринарниот тракт.

Вирус ханта

Овој вирус го пренесуваат глодари. Во лето, кога луѓето повеќе време поминуваат надвор, поголеми се шансите да дојдат во допир со остатоците и излачените материи на инфицирани глодачи и така да се заразат. Вирус може да се внесе и преку воздухот. За да избегнете инфекција, се советува просторот во кој поминувате најдолго време да биде ослободен од глодари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top