Во ревијалната вечер на „Сунчане скале“ со која се одбележуваа 20 години од црногорскиот фестивал, српската пејачка Романа Паниќ настапи во истиот фустан кој ѝ ја донесе победата пред десет години.
Црниот фустан со големо деколте и огромен шлиц, креацијата на Звонко Марковиќ, и во 2004 година беше главна атракција на фестивалот. И овојпат, пејачката која исто толку добро изгледа денес како и пред 10 години, во неколку наврати се обидуваше да го скроти фустанот со длабоки шлицеви , но и покрај нејзините напори јасно се гледаше дека под фустанот нема ниту гаќички ниту градник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.