Мирослав Илиќ, младата ѕвезда на „Гранд“ Милица Тодоровиќ, џез-пејачката Лена Ковачевиќ и Жељко Самарџиќ се само дел од музичарите кои ќе ги забавуваат гостите на свадбената веселба на Новаќ Џоковиќ и Јелена Ристиќ.
За доброто расположение ќе бидат задолжени и оркестарот на Миша Мијатовиќ и „Фемили бенд“, кои семејството на најдобриот тенисер на светот често ги ангажира за семејните прослави.
Како што пишува српски „Блиц“, на свадбата која ќе се одржи на 9 и 10 јули во Свети Стефан ќе присуствуваат околу 150 најблиски пријатели и роднини на тенискиот број еден и неговата бремена вереница.
Инаку, Ѓоковиќ од секој музичар и угостител побарал целосна дискреција.
– Музичари, собарки, хостеси, келнери, готвачи, припадници на обезбедувањето. Сите тие ставија потпис како гаранција дека нема јавно да зборуваат за свадбата. Вработените во Свети Стефан добиле забрана во градот-хотел да внесуваат мобилни телефони и фотоапарати. Се вели дека 25 брода пловат околу островот Свети Стефан за да можат неименуваните гости да се приближат од морето – вели неименуваниот извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.