Најновото истражување кое го направиле група американски професори покажува дека постот го обновува целиот имунолошки систем и помага кај заболените од рак.
Додека поголемиот број нутриционисти се противат на таа идеја, медицинските стручњаци сметаат дека дури и кратиот пост во траење од три дена може да има голема корист за имунитетот на човекот, бидејќи, според нив, постот го обновува и го јакнее.
Научниците во САД ова откритие го нарекле „извонредно“, бидејќи сметаат дека постот кај постарите може да го регенерираат нивниот ослабен имунолошки систем.
Истражувањето покажало дека воздржувањето од храна ги поттикнува мозочните ќелии да произведуваат повеќе бели крвни зрнца, односно леукоцити, што придонесува во борбата против инфекциите.
Научниците на Универзитетот во Јужна Калифорнија тврдат дека ова откритите може да биде многу корисно за лицата кои патат од нарушен имунолошки систем, како што се заболените од рак кои примаат хемотерапија.
– Постот едноставно им вели ’ок’ на матичните ќелии. Тој може да генерира нов имунолошки систем кој е тешко оштетен по хемотерапијата. Во текот на постот, телото се ослободува од деловите на системот кои се оштетени или дотраени, односно неефикасни – вели Валтер Лонго, професор по геронтологија и биолошки науки на американскиот универзитет.
Долгиот период на пост го форсира телото да ги користи залихите на гликоза и масти, но и разградува значаен дел на белите крвни зрнца. Во секој циклус на пост, ова трошење предизвикува промени кои ја покренуваат регенерацијата на имунолошкиот систем и на матичните ќелии.
Во истражуањето учестувале волонтери кои постеле меѓу два и четири дена во период подолг од шест месеци. Научниците откриле дека постот го намалува ензимот ПКА кој е поврзан со стареењето и со хормонот кој го зголемува ризикот од рак и развој на туморот.
– Нема докази дека постот може да биде опасен, а од друга страна има докази дека е корисен – објасни американскиот професор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.